Чудо на природата...


Bioredworm - S (solid) и Bioredworm - L (liquid) е сеорганско-микробиолошко ѓубриво добиено од црвени калифорниски црви. Овие производи ја збогатува почвената микрофлора, им обезбедуваат бројни поволности на растенијата и го зголемува приносот. Нашата цел е да произведеме решенија за подобрување на квалитетот и структурата на почвата за добивање на поздрави и повкусни производи. Ѓубривото од црвени калифорниски црви Vermicast (Vermicompost) поради неговото стимулативно дејство е дефинирано како ‘’Совршено Органско ѓубриво’’. По долгогодишна примена во С.А.Д, Јапан, Израел, Австралија, Куба, Индија како и во неколку Еврoпски земји Приносот е покачен: пченица (мин.)15-20%,пипер, ц.патлиџан, краставица 30-100%, пченка 30-50%, праска и грозје 80-100%, репка 15-20%, јагода 30-35%, компир 50-80%, чај 30% ...

 

“Ако еден начин е подобар од друг, тогаш бидете сигурни дека тоа е природниот начин“

Aристотел

 Низ историја...

Старите еѓипќани плодноста на земјиштето низ долината на реката Нил, и ја препишувале на големата концентрација на црви. Увидувајќи колку многу се корисни,тие  ги прогласиле нив за заштитено животно уште пред 5000 години. Прв кој пишува за црвите е грчкиот филозоф Аристотел 384-322година пред новата ера. Поради нивното фертилизаторско и еколошко делување во средината која живеат, ги нарекол “утробата на земјата“. Првите истражувања се направени по неколку стотици години од страна на англискиот научник Гилберт Вајт. Се до 19 век кога Чарлс Дарвин посветил повеќе од 40 години научно истражување, докажувајќи дека земјиниот површински слој има поминато неколку пати низ “Утробата“ на црвите. 

Прв кој што во пракса почнал да ги применува црвите е Џорџ Сефилд од Тексас во 1906 година. Тој е пионер во одгледување на црви, и успева за кратко време да  направи големо богатство.  На крајот на педесетите  години од минатиот век  по долгогодишно  истражување создаден е  - Црвениот калифорниски црв (CALIFORNIAN RED WORM) и тоа на Калифорнискиот државен универзитет Беркли.  Првата држава која почнува да увезува црвени калифорниски црви е Јапонија (125 тони), притоа решавајќи го прашањето со отпадоците од целулоза. Имено, јапонската влада трошела преку 250 милиони долари годишно за пречистување на отпадоците од хартиената индустрија. Денес Јапонија има материјална корист поради тоа што отпадоците се претвораат во “Хумус“ кој е високо квалитетно ѓубриво. 

Италија, пак, е првата европска  земја која во шеесетите години од 20 век почнува организирано да увезува  Црвени калифорниски црви заедно со технологијата за нивно производство. Почнувајќи  интензивно да организира  едукативни семинари, саеми итн.  Деценија подоцна Црвениот калифорниски црв доаѓа на Балканот-Југославија.

Светската здравствена организацја (World Health Organization) по долгогодишни истражувања констатираше дека подлогата на земјината површина е оштетена од хемиските ѓубрива како и од неконтролираното користење на минералните ѓубрива. Токму заради тоа ѓубривото произведено од Црвени калифорниски црви станува од ден на ден се поатрактивно поради неговото 100% органско потекло коешто од една страна ја подобрува структурата на почвата, а од друга страна го подобрува производство на органска здрава храна.


Предности на Bioredworm - L & S 100% органскo-микробиолошкo ѓубривo од калифорниски црви:

 

  Bioredworm jа подобрува структурата на почвата  и притоа врши биомелиорација  (квалитативно обновување) на истата.  

  Големиот број корисни-микроорганизми кои се наоѓат во ѓубривото со своите ферменти вршат оживување на почвата, и ја зголемуваат нејзината плодност. 

  Ги стабилизира изворите на азот од сите врсти ѓубрива и почви.

✔ Ј а обезбедува и балансира исхраната на растенијата.

  Растенијата контролирано го користат азотот, потоа постигнуваат природна рамнотежа и конечно содржат 75% амонијачен и 25% нитратен азот што се оптимални вредности за секое растение (нитратите во поголеми количини се штетни за луѓето и растенијата ).

  Ја зголемува органската материја на почвата.

  Ја подобрува pH вредноста.

 Плодовите се покрупни со поизразени бои и со многу поубав мирис и вкус.

 Плодовите порано созреваат во просек за 10 до 15 дена.

 Родот е поголем за од 30 до 80 проценти.

 Плодовите подолго остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот.

 Микроорганизмите, пак, од своја страна го стимулираат растот и развојот на растенијатата и ја зголемуваат отпорноста на растенијата кон сите видови болести, како и кон суша и мраз.

 Го намалуваат процентот на измрзнување при екстремно ниски температури.

 Растенијата имаат многу поздрав и побогато развиен коренов систем, поголемо стебло, по полна крошна и поголем број листови. Тие се поздрави а наездата, односно штетите од инсектите се намалува.

✔ Не е токсична за Луѓето, животните и пчеелите.

 

 

Процеси кои се одвиваат во почвата...

1. Брзо разградување на органската материја и создавање зрел хумус како основа за плодноста на почвата:

Важноста на улогата на органска материја и хумусот во почвата се многу подобро познати во денешно време. Подобрување на структурата на почвата и за одржлива почва,треба да се разбере важноста на органската материја и хумусот. Органската материја во почвата е многу комплексна структура и е составен од многу различни материјали. Сепак, во зависност од видот на растенијата или животински остатоци и распаѓање на истото зависи од процентот на органска материја на овие супстанци. Главните елементи вклучени во составот на органска материја се ;

 

 • 1. шеќери, јаглехидрати, скроб и целулоза,

 • 2. лигнин,

 • 3. танини,

 • 4. масла, 

 • 5. восоци  и смоли, 

 • 6. протеини,


 • 7. пигмент и

 • 8. минерални субстанции.

 


Најголем дел од компонентите на органската материја во почвата се лигнинот и протеините. Во принцип содржината на лигнин и протеини се движат помеѓу 25%-50%.

Mикробиолошката флора; Големиот број на корисни микроорганизми и зрелиотхумус во почвата се прв услов  за планирање на добар и квалитетен род. Најдобри резултати се постигнуваат кога Bioredworm-L  се употребува веднаш по жетвата.  По жетвата, се пропорачува првин сламата која останува , дасе исецка  и да се третира со Bio redworm -L, во количина 1 декар/2-3лит.  Важно е Bioredworm-L рамномерно да се нанесе на површината а потоа плитко да се  изора (или ора).  Присуството на микроорганизмите во почватазначително гозголемува  процентот на органската материја во неа. За околу 50-60 дена микроорганизмите од  Bioredworm -L, сламата ке ја претворат во зрел хумус. (Хумусот ја задржува влагата во почвата па и во сушниот период од годината растенијата имаат доволно влага која позитивно допринесува запоголеми приноси). Квалитетнапочва се добива како резултати на  микробиолошките процеси преку кои серазградуваатрастителните остатоци и останата органска материја. На тој начин се балансира составот на почвата па елементите како (Азот, Фосфор, Калиум, Калциум, Магнезиум...) ќе бидат на потребното ниво.

За максимален ефект од примената на Bioredworm -L, по површината на почватаможе рамномерно да се нанесати другитерастителни остатоци од други култури. Бактериите кои се нанесуваат на почвата се прилагодуваат на надворешните услови. Доколку не им одговараат моменталните услови за опстојување, тие се заштитуваат преку процес на испуштање на спори и на тој начин се во фаза на хибернација се додека не се подобрат условите во кои нормално егзистираат. Истите, дејствуваат најчесто кога температурата внатре во земјата  е над 6 степени или во воздухот над 10 степени. Еднаш нанесените бактерии многу тешко изумираат, токму заради нивната природна самозаштите од временските услови. .

 

Ова се случува секогаш кога количината на Јаглеродот (C) е вон дозволените граници и мобилизира ослободување на елементи кои се врзани за него. Тој однос не смее да биде поголем од (20:1) ( С:N, С:Р , С:К ) Во зрелиот хумус односот на С : N е 10:1 што се смета за идеален однос. Ако СО2 е вон границите на дозволеното бактериите кои ги мобилизирале неопходните елементи ќе ги испуштат во моментот кога односот ке биде под (20:1). Подлога на теоријата за потполна замена на минералните ѓубрива со микробиолошките ѓубрива се заснова на јасните пресметки на процесите на хумификација и дехумификација на органската материја и азотофиксацијата, било да е симбиотска или асимбиотска. На пример од арското ѓубре или од било кои органски остатоци по микробиолошки пат се создава маса од 3-3,5 тони/хектар хумусни материи, која подоцна се дехумифицира. Тука се воспоставува така наречен баланс на израмнување или природна рамнотежа за внесување и изнесување на хранливите материи од почвата. Ова е доволно за коректни приноси и зачување на природната плодност на почвата, која почвата порано ја имала. Да се потсетиме дека во состав на растенијата не влегуваат само Азот (N), Фосфор (P) или Калим (K) туку во сувата маса има многу поголем процент Јагленород (C) 45 %, Кислород (O) 45 % и Водород (H) 6 %. Овие елементи растенијата ги земаат од природата непосредно а само 4 % одпаѓаат на макро и микро елементи.

 

Сево ова укажува дека преземањето на мерки со кои се придонесува подобра искористеност на доминантните соединенија C:O:H, е многу важно и дека на таквите мерки треба да му се посвети големо влијание. 

Накратко кажано органските ѓубрива а меѓу нив и растителните остатоци третирани со микробиолошките ѓубрива се идеална средина за азотофиксација, амонизација и нитрификација. Покрај тоа во почвата се создава и јагленородна киселина (H2CO3) која бавно ги разлага многуте неоргански и органски тешко растворливи соединенија во кои е заробен фосфорот и калиумот. Со успорување на нивното спојување и нивното поврзување овие соединенија стануваат попристапни за растенијата.

2. Азотофиксацијата на молекуларниот азот од воздухот:

Тоа е исто така важна задача на бактериите во почвата. Азотот во воздухот го има околу 78% со што е неисцрпен извор за растенијата. Азотот од воздухот растенијата не можат да го користат дирекно туку тоа им го овозможуваат микроорганизмите. Разликуваме симбиотска и асимбиотска азотофиксација.

Симбиотската азотофиксација - представува важен вид на снабдување на растенијата со азот од воздухот преку симбиотските бактерии кои живеат на коренот на растенијата. Овие бактерии на коренот вршат оштетувања во кои се сместуваат и со својата способност го фиксираат (врзуваат) елементарниот азот. Најголем дел од азотните соединенија создадени на овај начин на растенијата му се достапни после завршувањето на вегетацијата на растенијата кај кои овие бактерии паразитирале.

Асимбиотска азотофиксација- е микробиолошки процес во кој елементарниот азот од воздухот се доведува во почвата преку специфични бактерии кои не живеат на кореновите влакна туку покрај нив. Тие се хранат со материите кои ги излачува коренот и во процесот на размножување и изумирање оставаат голема количина на азотни соединенија. Овие соединенија се минерализираат веднаш по изумирањето на бактериите. Предноста кај овој процес е што овде не е потребно растението да заврши со вегетација па после тоа да се користат хранливите соединенија, туку тие му се веднаш достапни на растението. Процесите низ кој поминуваат симбиотската и асимбиотската азотофиксација продолжуваат со амонификација, нитрификација и денитрификација.

Амонификација
- представува микробиолошки процес - минерализација на органските материи до создавање на амонијак. Амонијакот останува во клетките на бактериите за нивни потреби се додека односот на C: N е поголем од 20:1. Се издвојува кога овој однос ке се намали. Овој амонијак понатаму се редуцира во процесот на нитрификација.

Нитрификација - претставува микробиолошки процес на оксидација на амонијакот во нитрати преку нитрити. Нитратите се многу подвижни,а оксидацијата им служи на бактериите како извор на енергија и можност за создавање на јагленородна киселина, нејзината улога веке беше објаснета. Поради својата подвижност (N) бргу се губи од почвата.

Денитрификација - е спротивен процес од нитрификација. Тоа е микробиолошки процес кој се одвива под влијание на некои почвени бактерии каде (N) се враќа во воздухот на ист начин као што стигнал во почвата (кружење на материјата)

 

3.Кружењето на фосфорот: во почвата е многу важен микробиолошки процес. Се знае дека фосфорот во почвата го има во просек околу 0,15%. Најголем дел во земјиштето се наоѓa во облик на неоргански соединенија а остатокот е во органски соединенија. Тука спаѓаат нуклеинската киселина, фосфолипиди и др. Неговата достапност за растенијата во најголем дел зависи од PH вредноста во почвата. Растенијата го земаат од почвениот раствор во облик на јони на ортофосфорната киселина и Н2РО4 и НРО4. Кој јон ќе биде врзан зависи од рН вредноста на почвата. Најголем дел на фосфорот во почвата потекнува од карпите и минералите од матичните карпи од кои настанала почвата, како и од органските соединенија. Бидејќи фосфорот во земјиштето се наоѓа во облици со различна растворливост многу е битен коефициентот на неговата достапност на билките како и негово враќање во земјиштето преку органските материи. Овие процеси во најголем дел ги регулираат почвените бактерии кои се наоѓаат во микробиолошките ѓубрива. Од вкупните количини кои по органски пат се враќаат најголем дел се враќаат преку изумирањето на бактериите. Овој процес се нарекува фосфофикација и со него се создаваат соединенија за исхрана на растенијата. (Бактериите од вкупната тежина на своето тело содржат околу 30% фосфор).

Фосфомобилизација - е втор значаен процес. Во овој процес нерастворливите терцијални фосфати се доведуваат во пристапни форми на фосфорот од алумосиликатите. Во состав на почвата алумосиликатите се застапени со 62%. ( тоа е неисцрпна материја ) Бактериите од типот Bacilus Pseudomonas ја потикнуваат минерализацијата на алумосиликатите каде ги мобилизираат достапните анјони во клеточната протоплазма. Во овој процес бактериите од алумосиликатите го црпат калциумот и го трансформираат во трикалциум фосфати, како и примарни и секундарни фосфати достапни за растенијата. Исто така кога од кристалната решетка на алумосиликатите ќе се издвојат јоните на силициум, во организмот на бактериите по нивното изумирање се трансформираат во фосфорни јони кои се достапни за растенијата.

4.Калиумот:  во почвата се наоѓа во кристалната мрежа на минералите каде го има 90% од вкупната количината во почвата. Покрај овој, постои фиксиран незаменлив и променлив калиум. Количината на калиум е повеќекратно поголема од фосфорот и азотот во земјиштето односно околу 2.40%. За негово ослободување и доведување во состојба во која растенијата ке можат да го користат најголема улога имаат бактериите а посебно бактеријата Bacilus cirkullans. Исто така и калиумот се ослободува во поголема количина од алумосиликатите, каде од кристалната решетка се издвојуваат алуминиеви и силициумови оксиди во кои се наоѓаат алкални К-катјони. Тука микроорганизмите вршат хидролиза, при што К-катјони се заменуваат со Н јони од водата, а ослободениот К јон преминува во сол на киселините и носат предзнак на калиум. Луцинот се покажал како замена на калиумовите соли.



В
о што е тајната на дејствувањето на микробиолошките ѓубрива?

Тука нема никаква тајна, сето тоа е чиста микробиолошка наука која во фокусот го става системот на кружење на материите во природата кој го поттикнува создавањето на зрел хумус во почвата. Во спонтаната природна заедница природата сето тоа го избалансирала меѓутоа во организираната агробоиценоза каде што се сеат културни растенија тој синџир се прекинува. Со собирањето на родот односно жетвата доаѓа до дебаланс во порамнувњето на материите. Затоа никогаш не треба да се горат растителните остатоци, со горењето не само што се уништува површинската микрофлора туку и се губи и комплетната количина од целулоза и лигнин кои се незаменлива состојка на зрелиот хумус а ќе останат само 2% хрaнливи елементи кои се во случајов занемарливи. Растителните остатоци и хумусот се незаменлива подлога за развој на корисните микроорганизми. Ова е важно да се сфати поради органските материи од лигно-целулозно потекло (растителни остатоци), со кои ако правилно се постапува можете секоја година да го обновувате зрелиот хумус. Научно е потврдено дека зрелиот хумус се создава од Лигнин кој е составен дел на билните остатоци.

Од сево ова може да се констатира дека добар домаќин и земјоделец може секоја година од растителните остатоци да добие зрел хумус ако после жетвата или родот истите ги третира со Бактериите кои се наоѓаат во органското микробиолошкото ѓубриво - Bioredworm - L. Микробиолошкото ѓубриво е создаден така да можат да се ѓубрат површини со органско и класично производство. Забележани се одлични резултати секаде каде што се употребувани правилно и според препораките, кои се темелат на долгогодишно искуство во светот, каде микробиолошките ѓубрива се употребуваат на милиони хектари. (“Микробиологија“ - Проф- др.Југослав Зиберовски)