За нас ...


Феромото – комерц  со сегашно име “ИНТУС ДООЕЛ“ е основана во 1985 година од Слободан Вуксановиќ во Скопје. Истата е прва и најголема фирма во Р. Македонија регистрирана од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Производот Bioredworm 100% органско-микробиолошко ѓубриво од калифорниски црвени црви e согласнo со ЕУ законските норми и стандарди Organic Farm Law ( EU reg.(EC)834/2007 ).

Број на Органски сертификат (Procert Inspection and Certification body) No. 01/0416  

Извoзен код (Traces approval) code: ABP 12 CK 001 Intus


 "Ако мислите дека Органската храна е прескапа, замислете ја цената на ракот во денешницава"

Joel.F.Salatin


Мисија & Визија ...

Кога почнавме со одгледување на Црвени калифорниски црви и производство на органско ѓубриво, целта беше да промовираме производство  на органска здрава храна. Уште тогаш ни беше познато дека многу болести на современиот човек доаѓаат од неправилна исхрана и употреба на загадена и здравствено неисправна храна.
Првата предност;на органското земјоделие е производство на високо вредна и здравстено безбедна храна која ќе биде извор на здравјето на луѓето и животните.

Втората предност;на органското производство е зачувување и заштитата на животната средина оставајќи во наследство на идните генерации чиста почва, вода и воздух ! Одгледувањето калифорниски црви на почетокот претставуваше дополнителен семеен бизнис, од кој се добиваа добри приходи.

Производтсвото го започнавме во 1985 година и ова долгогодишно искуство ни овозможи оваа земјоделска гранка многу брзо да ја развиеме. Во подолг период произведувавме органско ѓубриво во цврста состојба со врвен квалитет. Потоа се наметна потреба за исто такво ѓубриво во течна состојба, за фолијарно аплицирање и користење во системите - капка по капка.

Понеколку годишно  експериментирање и соработка со проф - др. Југослав Зиберовски од катедрата  за  микробиологија на Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје, во 2007 година успеавме да направиме " 100% органско-микробиолошко ѓубриво од калифорниски црвени црви " ( Liquid Worm Fertilizer)  во течна состојба, кое со години го усовршувавме за да денес ги достигнеме европските стандарди за квалитет покажувајќи во пракса одлични резултати. Двата типа на 100% органско-микробиолошко ѓубриво од црви Bioredworm  - S (solid) и Bioredworm  - L (liquid)имаат многубројни корисници во земјава и странство. (Примери на мал дел од резултатите се покажани на сликите во фотогалеријата).

 

Освен производтсво на ѓубриво за директна употреба имаме продадено и легла на Црвени калифорниски црви, како во Македонија така и во околните држави на Балканот. Покрај продажбата нашата фирма  “ИНТУС ДООЕЛ“ има организирано низа  семинари и едукативни работилници и обучи многу луѓе за сопствено производство на органско ѓубриво од калифорниски црви, како и сопствено производство на машини за сеење на ѓубривото.

Потребата за конзумирање здрава органска храна без употреба на вештачките хемиски заштитни средства и адитиви, како глобален феномен чии што трендови од година во година бележат динамичен напредок, резултираше со зголемена побарувачка на  органското ѓубриво на странските пазари, особено што овој вид продукти не може да се произведат во доволни количини, колку што може да се потрошат, односно колку што е голема побарувачката по нив.