Bioredworm®- S( Solid )

Цврсто 100% Органско - микробиолошко ѓубриво Од Калифорниски црви / за сите видови на градинарски, житнии цветни култури, овошни, лозови насади


Bioredworm-S “ Premium quality “e високо квалитетно 100% Органско-микробиолошко ѓубриво добиено од природно  арско ѓубре со посебна Метода во  посебни “smart harvesting vermicompost system’s” (S.H.V.S Version 5.05) Базени од Црвени калифорниски црви (Eisenia Foetida i Eisenia Andrei најдобар вид црви за компостирање). Црвените  калифорниски  црви арското ѓубре го преработуваат една година, а тоа е богато со сите органогени елементи, микроелементи и биоактивни микроорганизми. Идеално е за употреба во органското земјоделие: Се положува непосредно до коренот, не може да се предозира, растенијата лесно и брзо го асимилираат.

Цврстото органско-микробиолошко ѓубриво од калифорниски црви од просечен квалитет содржи:  5 пати повеќе азот, 7 пати повеќе фосфор, 11 пати повеќе калиум и трипати повеќе магнезиум од арското ѓубре. Згора на тоа треба да се има предвид фактот  дека  арското ѓубре, непреработено од калифорниски црви, е пренесувач на повеке плевели, растителни болести и нематоди!

 


 

 Влијание на Bioredworm-S (цврсто) %100 органско - микробиолошко ѓубриво врз растенијата:

 Bioredworm-S ја обезбедува и балансира исхраната на растенијата.

✔ Растенијата контролирано го користат азотот, потоа постигнуваат природна рамнотежа и конечно содржат 75% амонијачен и 25% нитратен азот што се оптимални вредности за секое растение (нитратите во поголеми количини се штетни за луѓето и растенијата ).

✔ Микроорганизмите, пак, од своја страна го стимулираат растот и развојот на растенијатата и ја зголемуваат отпорноста на растенијата кон сите видови болести, како и кон суша и мраз.

✔ Го намалуваат процентот на измрзнување при екстремно ниски температури.

✔ Растенијата имаат многу поздрав и побогато развиен коренов систем, поголемо стебло, по полна крошна и поголем број листови. Тие се поздрави а наездата, односно штетите од инсектите се намалува.

 

 

Влијание на  Bioredworm-S  (цврсто) 100% органско - микробиолошко ѓубриво врз плодовите:

Плодовите се покрупни со поизразени бои и со многу поубав мирис и вкус.

Плодовите порано созреваат во просек за 10 до 15 дена.

Родот е поголем за од 30 до 100 %.

Плодовите подолго остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот.


 

 


В
лијание на   Bioredworm-S (цврсто) 100% органско - микробиолошко ѓубриво врз почвата:

Bioredworm-S jа подобрува структурата на почвата  и притоа врши биомелиорација  (квалитативно обновување) на истата.  

Големиот број микроорганизми содржани во овој препарат со своите ферменти вршат оживувањена почвата, и ја зголемуваат нејзината плодност. 

Ги стабилизира изворите на азот од сите врсти ѓубрива и почви.

Ја зголемува органската материја на почвата.

Ја подобрува pH вредноста.

 

 

При производство на расад; потребно е во неутрална подлога (тресет) измешана со 10% песок, да се додаде минимум 10 % Bioredworm-S. Почвата во која ќе се пикира расадот предходно треба да се измеша со 10 %  Bioredworm-S, а потоа да се истретира со  Bioredworm-L. Во периодот кога растенијата ќе стасаат за расадување, најдобро е во дупките во кои ќе се ставаат растенијата да се стави 30 до 100 грама   Bioredworm-S  така што коренот на растението да биде во директен контакт со Bioredworm -S. Препорачуваме пред садење да се расфрла по почвата 100-130 на декар и потоа плитко да се заора.

 

 

Кај овошни насади :

Пред садење новата садница се натопува во каша од Bioredworm-S и вода.

При садење овошни дрвца се става 1,5 - 2 килограми каша со Bioredworm-S на садница.

На дрва до пет години старост се става 1,5 - 2 килограми каша со  Bioredworm-S.

На дрва постари од пет години се става 2 - 3 килограми каша со  Bioredworm-S.

За поголем род, како и за поголема отпорност на растенијата од мраз препорачуваме есенско ѓубрење. со Bioredworm-S а напролет растенијата да се третираат со Bioredworm-L.

Полниот род кај новите насади кои се третираат со  Bioredworm-S и  Bioredworm-L стасува порано за една година.

 

Кај лозови насади :

При производство на лозови калеми пред садење се става 600 - 700 грама  Bioredworm-S на површина од еден метар квадратен.

При садење на лозови насади на една садница се става 300 - 400 грама Bioredworm-S

Прихранување на лозови насади се врши со 1 до 3 килограми Bioredworm-S по садница во зависност од староста на лозата: до 5 годишна старост се става1 кг; од 5 - 10 години - 2 килограми; и преку 10 години старост се става 3 килограми.

Во пролет препорачуваме 1-2 фолијарни третирања.

Онаму каде што има систем за наводнување - капка по капка - есенското ѓубрење ќе биде со  Bioredworm-L .

 Полниот род кај новите насади кои се третират со  Bioredworm-S и Bioredworm-L стасува порано за една година.

 

ПРЕВЗЕМИ ТАБЕЛА

 

 Превземете ја табелата и упатсвото за употреба на Bioredworm-S (Solid) Цврсто