Bioredworm®- L(Liquid)

Течно 100% Органско - микробиолошко ѓубриво Од Калифорниск и црви / за сите видови на градинарски, житнии цветни култури, овошни, лозови насади и системи акуапоника / хидропоника (одгледување без почва)


Bioredworm -L“ Premium quality “  e високо квалитетно течно 100% Органско - Микробиолошко ѓубриво добиено со посебни Методи и Процеси од екстрактот на Црвени Калифорниски Црви (Eisenia Foetida i Eisenia Andrei најдобар вид црви за компостирање).

Течното ѓубриво Bioredworm-L  ја обезбедува и балансира исхраната на растенијата на сосема поинаков начин во однос на класичните ѓубрива. Имено, почвата и воздухот се неисцрпен извор на сите елементи потребни за растот и развојот на растенијата. Но голем дел од овие елементи се во недостапни форми за растенијата. Воздухот е составен од 78% азот кој е во недостапни форми за растенијата. Доколку вкупниот азот во почвата кој изнесува 8 милиони тони на еден квадратен километар би бил достапен за растенијата, тие би биле обезбедени со азот околу 80 милиони години, и во тој случај би се создавал  принос од околу 3000 килограми годишно (“Микробиологија“ од проф-др. Југослав Зиберовски).

Покрај толкави количини на хранливи материи кои се наоѓаат во природата луѓето непотребно ги внесуваат хемиските ѓубрива и се повеќе ја загадуваат почвата. Во природата постојат микроорганизми кои азотот и другите недостапни елементи кои се неопходни за растенијата ги претвораат во лесно достапни форми, но за жал и овие почвени микроорганизми човекот ги има уништено, најповеќе со долготрајна употреба на хемиски ѓубрива!

Bioredworm-L е богат извор на сите неопходни елементи (азот, фосфор, калиум, калциум, магнезијум, итн.) кои ги прави достапни за почвата и растенијата. Наша цел е со Bioredworm-L да ги вратиме уништените микроорганизми во почвата а тие ќе си ја вршат работата која природата им ја одредила. Во еден милилитар од Bioredworm-има повеќе од 120 милијарди корисни почвени микроорганизми кои ја обезбедуваат исхраната на растенијата, и кога ќе се појават фитопатогените (штени) микроорганизми кои ги предизвикуваат растителните болести тие ќе наидат на почвените (корисни) микроорганизми од Bioredworm-L кои се помногубројни и во најголем процент ќе ги неутрализираат штетите, така како што природата се бори против растелните болести. Кај растенијата третирани со Bioredworm-L процентот на витамин “Ц“ се зголемува од два до седум пати (зависно од видот на растението). Зголеменото присуство на витаминот “Ц“, пак, доведува до зголемување на имунитетот и отпорноста на растенијата кон сите видови болести, суша и мраз.


Влијание на Bioredworm - L (течно) 100 % органско микробиолошко ѓубриво врз растенијата: 

✔ Bioredworm - L ја обезбедува и балансира исхраната на растенијата.

✔  Растенијата контролирано го користат азотот и конечно содржи 75% амонијачен и 25% нитратен азот што е идеален оптимум за секое растение. (Нитратите во поголеми количини се штетни за луѓето и растенијата).

Микроорганизмите го стимулираат растот и развојот на растенијата, ја зголемуваат нивната отпорност кон повеќе растителни болести, суша, мраз а го намалуваат ипроцентот на измрзнување при екстремно ниски температури.

Растенијата имаат многу поздрав и побогато развиен коренов систем (што значи подобро исхранување), поголемо стебло, по полна крошна и поголем број листови.

Семињата третирани со Bioredworm-L побргу никнуваат, подобро се вкоренуваат и а растенијата имаат многу подобар раст и развој.

Листовите за пет до седум дена добиваат темно зелена боја.

Кај растенијата каде плодовите се берат во повеќе наврати плодовите побргу созреваат. Кај овие растенија третирани со хемиски или други видови ѓубрива кога бербата ќе заврши, растенијата третирани со Bioredworm - L имаме уште една до две берби.


 

Влијание на Bioredworm - L (течно) 100% органското микробиолошко ѓубриво врз плодовите:

Поголем род за 30-100 % (зависно од растенијето).

Зголемен процент на витамин “ Ц “ во плодовите за два до седум пати.

Порано созревање на плодовите за 10-15 дена.

Плодовите подолго остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот.

Bioredworm - L ја поправа структурата на почвата и врши биомелиорација на истата.

 

 

Влијание на Bioredworm - L (течно) 100% органското микробиолошко ѓубриво врз почвата:

Големиот број на микроорганизми со своите ферменти ја оживуваат почвата и ја зголемуваат нејзината плодност.

Како дел од микрофлората најважна улога ја имаат бактериите.

Бактериите за кои се  знае повеќекратно ги зголемуваат ефектите и се во директна врска со преструктуирањето на  ѓубрењето. Бактериите се живи суштества кои се во состојба да поднесат најекстремни услови во почвата и имаат едноставна градба.

Бактериите се размножуваат со делење каде една единка за 24 часа произведува околу десет милијарди нови единки.

За период од една година на еден хектар изумрените тела на бактерите оставаат 10 тона органска материа, и најголемиот дел се хумифицира во зрел хумус.

 

Употреба на Bioredworm - L 100% органското микробиолошко ѓубриво од црви : При фолијарна употреба се нанесува директно на лисјата или растението, за примена на систем капка по капка се меша еден литар Bioredworm -L со 150 литра вода.

 

ПРЕВЗЕМИ ТАБЕЛА

 

 Превземете ја табелата и упатсвото за употреба на Bioredworm-L (Liquid) Течно