Органско семе


Веќе неколку децении сме сведоци за појавата и зачестеноста на разноразни канцерогени болести кај луѓето за кои што науката се обидува да најде одговори.

За жал, дел од точниот одговор е и во нас, т.е. во нашата неисправна исхрана или поточно кажано во храната која што содржи генетско модифицирани организми (ГМО).  ГМО храната е производ на генетскиот инженеринг каде што со посебна техника во рамки на ДНK се вметнува нов ген. Со вметнувањето на тој ген настанува модификација, односно промени во генскиот материјал. Со тие промени доаѓа до мутација и настануваат дегенарации во самиот организам. Секој што користи ГМО храна со текот на времето, а и наследно, добива нуспојави како и ризик да се разболи од рак, бубрежни и срцеви заболувања, дијабетес, стерилитет, имунолошки и други болести. Наша цел е со BiogreenFarm 100 % органското семе да се поттикне домашното производство на здрава органска храна (зеленчук,овошје), храна што ги задоволува потребите на организмот, наспроти ГМО-храната којашто нема никаква нутриционистичка вредност, а содржи големи количини отрови!

Вашиот зеленчук и вашето овошје произведувајте си ги сами! Со семињата на BiogreenFarm   100% органско семе без ГMО (генетски модифицирани организми). Со органското семе, кое е сертифициран производ од органско потекло со име - BiogreenFarm  ќе можете со потполна сигурност да произведувате органски здрави производи без ГMО, како за вас така и за вашите најмили и тоа било каде, дури и во вашите градини и на балконите, со употребата на% 100 органското микробиолошко ѓубриво Bioredworm- L & S , во количини кои се наведени во табелата за употреба.