Специјалната Програма за употреба на Течно и Цврсто Органско-Микробиолошко ѓубриво од калифорниски црви Bioredworm - L & S е направена според долгогодишни искуства и консултации од страна на:

Проф.др. Ј.Зиберовски и Слободан Вуксановиќ / Биохумус Експерт. 

 

Специјална Програма за Употреба на Bioredworm  -  L & S:


Oпшти информации:

 

Зошто систем"Капка по Капка"и кои се придобивките ?

Потребата за примена на современи системи за наводнување се зголемува не само заради пазарниот императив, туку и како мерка против климатските промени. Современите системи за наводнување нудат решенија кои ја намалуваат потрошувачката на вода, го намалуваат непожелниот вегетативен пораст, го зголемуваат квалитетот на производот и гарантираат константен квалитет.Системот за наводнување „капка по капка“ е најнапредна технологија во наводнувањето, најрационално ги искористува расположливите количини на вода и придонесува во зголемување на приносите.Наводнувањето „капка по капка“ претставува рамномерно и споро наводнување на растенијата. Штеди време и пари, лесно се поставува и на секое растение му ја дава потребната количина на вода. Наводнувањето „капка по капка“ има многу предности во однос на другите начини на наводнување, и тоа: Водата оди таму каде е потребна, што е една од најголемите предности на овој вид на наводнување. Траките (цревата) се поставуваат непосредно покрај растенијата, така што се наводнува само зоната на кореновиот систем. Водата оди директно на коренот на растението. Заштеда на вода. Ефикасно се искористува водата со тоа што се наводнува само зоната на коренот и не се заливаат делови на кои нема растенија, се намалува количината на вода за залевање.

Лесно се инсталира. Системот „капка по капка“ е релативно ефтин систем за залевање и лесно се поставува.
Рамномерно и прецизно залевање. Нема стрес за растенијата заради наглата промена на режимот на влагата.
Се намалува појавата на плевели. Заради наводнување исклучиво во зоната на кореновиот систем, намалена е појавата на плевели, бидејќи нема непотребно влажнење на околната површина.

 Зашто Фoлијарно ѓубрење и придобивки ?

За нормален развој, плодоносење и добивање на квалитетни плодови, неопходен е правилен режим на исхрана на растенијата. Правилната исхрана подразбира достапност на сите биогени макро и микро хранливи елементи во оптимално количество и во време кога соодветниот елемент е најпотребен за растението. Фолијарната прихрана на растенијата е  задолжителна   поради разни причини честопати се случува ограничување на достапноста на хранливите елементи за кореновиот систем на растенијата. Во некои случаи, пак, количествата на хранливите елементи потребни за брз пораст на листовите, гранчињата или плодовите ги надминуваат количествата кои може да бидат обезбедени преку нормална апсорпција од коренот и транспортните процеси. И во двата случаи фолијарната апликација може да биде најдобар начин на обезбедување на растението со потребните хранливи елементи во одредено време и со определено количество. Фолијарната апликација на хранливите материи обезбедува можност за снабдување на хранливите елементи директно на листовите, цветовите или плодовите во период кога тие се најпотребни.

 


 

Употреба на Bioredworm - L кај житните растенија:

Mикробиолошката флора; голем број на корисни микроорганизми и зрел хумус во почвата се основ за планирање на добар и квалитетен род. Најдобри резултати се постигнуваат кога Bioredworm-L се употребува веднаш по жетвата, Одма по жетвата, сламата се сецка  и   се третира (1 декар/2-3 лит. Bioredworm-L) . Битно е Bioredworm-L рамномерно да се нанесе на површината, потоа плитко се  заорува. Микроорганизмите значително ја зголемуваат органската материја во почвата. За околу 50-60 дена микроорганизмите од Bioredworm-L, сламата ке ја претворат во зрел хумус. Хумусот ја задржува влагата во почвата па и во сушниот период од годината растенијата имаат доволно влага а тоа резултира со значително поголеми приноси.

За максимален ефект по површината може рамномерно да се растури и арско ѓубриво или пак растителни остатоци од други култури. Бактериите многу тешко изумираат во оваа фаза, затоа што ако не им одговараат моменталните услови тие се заштитуваат со пуштање на спори и така чекаат погоден момент за дејствување. Дејствуваат најчесто кога температурата во земјата е над 6 степени или во воздухот над 10 степени.
Праксата покажува дека семето третирано со Bioredworm-L дава одлични резултати при ртењето, никнувањето и вкоренувањето, со што растот и развојот на растението е неспоредливо подобар од било кој друг облик на третирање при сеидбата. Бидејќи растенијата одлично се развиле и напредувале, и створиле потенцијал за максимален род препорачливо е напролет на крај на фебруар или почеток на март уште  две третирања со што се гарантира рекорден принос !

 

Варијанта за третирање:

Варијанта 1
- Прво третирање: веднаш по изнесување на родот ( Услов е да се третира сламата како што  е горе опишано )
- Второ третирање:  на пролет прихрана
- Трето третирање:  на пролет прихрана


Варијанта 2
- Прво третирање: на есен по никнување на растението
- Второ третирање: на пролет прихрана
- Трето третирање:  на пролет прихрана  


Варијанта 3
- Прво третирање: минерално ѓубре на есен
- Второ третирање: на пролет прихрана
- Трето третирање:  на пролет прихрана  



Процентот на глутенот се накачува над 30% Bioredworm-L ги намалува болестите кај растенијата за 50-80% Болестите кај житарките можат да го намалат родот дури и за 30 % Bioredworm-L се меша заедно со хербицидите и инсектицидите По можност да не се третира по сончево време. Најдобро е да се третира рано сабајле, попладне, или по облачно време Температурата на воздухот треба да биде над 10Со  на почвата над 6Со се применува едноставно и со значително помали трошоци.


Употреба на Bioredworm - L   во лозарството

- Винарии кои произведуваат врвни вина ке ги намалат третирањата со заштитни средства, а можат и да остават поголем род кој ке биде многу поквалитетен во однос на родот кој се третира со хемиски ѓубрива. - Витаминот ‘‘ Ц ‘‘ кај плодовите третирани со Bioredworm-L и Bioredworm-S се зголемува од 2-7 пати така да се зголемува имунитетот а со тоа и отпорноста на растенијата кон сите видови болести,суша,мраз и топлотни шокови.
- Големиот број на корисни микроорганизми (над 100 милијарди во 1мл.) во најголем дел ке ги уништат  штетните микрооганизми кои ги предизвикуваат  растителните болести.
- Новите насади третирани со Bioredworm-S и Bioredworm-L својот полн род  го даваат една година порано во однос на насадите третирани со хемиски ѓубрива.
- Според нашето долгогодишно искуство ги препорачуваме следноте третмани.
- Винарии кои произведуваат врвни вина ке ги намалат третирањата со заштитни средства, а можат и да остават поголем род кој ке биде многу поквалитетен во однос на родот кој се третира со хемиски ѓубрива.
- Витаминот ‘‘ Ц ‘‘ кај плодовите третирани со Bioredworm-L и Bioredworm-S се зголемува од 2-7 пати така да се зголемува имунитетот а со тоа и отпорноста на растенијата кон сите видови болести,суша,мраз и топлотни шокови. -  Големиот број на корисни микроорганизми (над 100 милијарди во 1мл.) во најголем дел ке ги уништат  штетните микрооганизми кои ги предизвикуваат  растителните болести. -  Новите насади третирани со Bioredworm-S и Bioredworm-L својот полн род  го даваат една година порано во однос на насадите третирани со хемиски ѓубрива. -  Според нашето долгогодишно искуство ги препорачуваме следноте третмани.

 

Програма за третирање на еден декар Фолијарно: 

3 -5 третирања/ 2 - 3 литра    Се разредува со вода
- Првото третирање:   На есен по изнесување на родот.  Со ова третирање растенијата  полесно ке се справат со екстремно ниски температури, а пролетта ке ја пречекаат подготвени за поголем и здрав род.
- Второ третирање:  Одма по пуштање на младите ластари.
- Трето третирање:  По цветањето.
- Четврто и наредните третира:  Во плодоносењето

- Бројот на фолијарните третирања и количината на Bioredworm-L зависи од сортата и староста на лозовиот насад и од квалитетот на почвата.
- Кај фолијарното третирање важно е да се нанесе препорачаната количина на Bioredworm-L.
- Количината на водата зависи од пумпата (колку литра вода троши на 1 декар)

- Систем капка по капка:  1 - 2 третирања .  3 литра
- На насади каде нема систем капка по капка се препорачуваат уште 1-2 фолијарни третирања.
- Со фолијарното третирање Bioredworm-L кој ке падне на лист е храна преку лист а кој ке падне на почва е храна преку почва.

Препорачуваме:

- По кроењето сувите гранки се мелат ( со приклучна машина мелачка на гранки ) се се третираат со Bioredworm-L и потоа почвата се заорува или фрезира.
- Вишокот зелена маса која се отстранува во пролет исто така се меле. Оваа органска материја не смее да се потцени.
- Микробиолошката флора, голем број на корисни микроорганизми и зрел хумус во почвата се основ за планирање на добар и квалитетен род.


Употреба на Bioredworm - L кај овошни насади:

- Овошните насади третирани со Bioredworm-L имаат многу посилно цветање, покрупни и изедначени плодови со поубави бои и многу поубав мирис и вкус.

- Плодовите по бербата  многу подолго остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот.

- Бербата стасува порано за 7-15 дена во однос на растенијата третирани со хемиски ѓубрива.   

- Растенијата својот полн род го даваат една година порано во однос на растенијата третирани со хемиски ѓубрива.

- Витаминот „ Ц“ кај плодовите се зголемува од 2-7 пати така да се зголемува имунитетот и отпорноста  на растенијата кон сите видови болести, суша, мраз и топлотни шокови. - Наездата на инсектите се намалува.

 

Програма за третирање за 1 хектар: 

Фолијарно третирање:
- 3- 6 третирања  со 20-30 лит. Bioredworm-L на хектар.Се разредува со вода

- Бројот на фолијарните третирања и количината на  Bioredworm-L   зависи од видот и староста на растенијата и квалитетот на почвата.
- Кај фолијарното третирање важно е да се нанесе препорачаната количина на Bioredworm-L.
- Количината на водата зависи од видот на пумпата (колку литри вода троши на 1 хектар)
- Според нашето долгогодишно искуство ги препорачуваме следните третмани.

*  Прво третирање: По бербата на плодовите - растението да се подготви за зима а на пролет да стартува со повеке родни папки.
*  Второ третирање: во рана пролет заедно со фунгицид и органски бор и цинк  додатно да се заштитат растенијата од слана и пролетни мразеви
*  Трето третирање:  По паѓање на 70 % од цветовите. заедно со инсектицид
Четврто третирање: По формирањето на плодовите, тоа е 10 дена по цветањето - да се задржат плодовите.
*  Пето третирање: Во плодонесење - за покрупни и изедначени плодови.   
*  Шесто третирање: За покрупни и изедначени плодови и поизразени  бои.
Седмо третирање: а можеби и наредото: Имате поголем род кој треба да се прехрани.

Систем капка по капка:

 2-3 третирања со 30 литри/хeктар
- Во насади каде нема систем капка по капка се препорачуваат уште 1-2 фолијарни третирања.
- Со фолијарното третирање Bioredworm-L кој ке падне на лист е храна преку лист, а што ке падне на почва е храна преку почва.

Препорачуваме:
- По кроењето гранките да се мелат ( со приклучна машина мелачка на гранки ) се третираат со Bioredworm-L и потоа почвата плитко се заорува или фрезира.
- Микробиолошката флора, голем број на корисни микроорганизми и зрел хумус во почвата се основ за планирање на добар,здрав и квалитетен род.


Употреба на Bioredworm - L кај градинарски култури:

- Растенија со една берба годишно ( компир, зелка, морков, диња, лубеница и др. )  се третираат 4-5 пати со  3-4 литрa на декар.

- Растенија кои се берат во повеќе наврати ( домат, краставица, пипер и др. ) се третираат на 6-12 дена, со  2-3 лит. / декар што зависи од видот на растението и квалитетот на почвата.

Предности од користење на Bioredworm - L

- Побрзо ртење, вкоренување, раст и развој на растенијата.
- Пообемно цветање, оплодување на скоро сите цветови, побрзо созревање на плодовите и повеке берби.
- Многу поздрави растенија, поотпорни сите видови болести суша, мраз и топлотни шокови.
- Покрупни и повкусни  растенија со поубави бои.
- Плодовите подолг период остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот.
- Кога кај растенијата ѓубрени со хемиски ѓубрива бербата ке заврши, растенијата третирани со Bioredworm-L сеуште ке цветаат и ке имате уште една берба повеке.
- Семето за расад се потопува во Bioredworm-L да отстои десетина минути. Праксата покажала дека семето третирано со Bioredworm-L дава одлични резултати при ртењето, никнувањето и вкоренувањето, со што растот и развојот на растението е неспоредливо подобар од било кој облик на третирање.

Програма за третирање на Bioredworm-L за 1 декар кај растенија кои се берат во повеќе наврати:

Фолијарно третирање:

- На секој 6-12 дена со 2-3 литра на декар .Се разредува со вода
- Бројот на третирања и количината на Bioredworm-L зависи од видот на растението и од квалитетот на почвата.
- Кај фолијарното третирање битно е да се нанесе препорачаната количина на Bioredworm-L на декар.
- Количината на водата зависи од пумпата (колку литри вода троши на декар)
Според нашето долгогодишно искуство ги препорачуваме следните  третмани:
- Прво третирање: 10 дена пред почеток на производство на расад се третира почвата во која се подготвува расадот.
- Второ третирање: Се третира расадот на 5-7 дена.
- Трето третирање: Се третира почвата каде ке се расадуваат растенијата 10-15 дена пред расадувањето.
- Во време кога растенијата ке стасаат за расадување најдобро е во дупките во кои ке се стават растенијата прво да се стави 50-70 грама Bioredworm-S (биохумус) така да коренот на растението биде во директен контакт со Bioredworm-S .
- Четврто третирање: Одма по расадувањето.
- Пето третирање: пред цветање - да се обезбеди пообемно и посилно цветање.
- Шесто и наредните третирања: Во плодоносењето по секој бран на берба за покрупни и изедначени плодови и побрзо созревање на плодовите.
- Кога имате пообемно цветање и повеке плодови од нормалното, а коренот не може да ги прехрани сите плодови препорачуваме почесто фолијарно третирање.

Систем капка по капка:

- На 5-10 дена со 2-3 литра/декар за пообемно цветање, побрзо созревање и покрупни и изедначени плодови.