Одгледување на Црвени Калифорниски Црви за

 производство на Биохумус-Vermicast (Vermicompost)




Одгледувањето на црвите се врши за две цели:

 

П рвата цел;  За Одгледување на црвите е поради месото, кое представува ефтина храна со висок протеински состав за гоење на пилиња, риби, свињи, или за преработка во протеинско брашно, кое е извонреден додаток во гоење на добитокот.

Втората цел;  За Одгледување на црвите за добивање на биохумус при нивната исхрана со органски отпадоци. Да споменеме дека во последно време интензивно се работи на селекција на црви чие протеинско брашно ќе биде наменето за човечка исхрана. Но исто така одгледуваните црви се користат како одлични мамци за ловење риби.

 

Кои врсти на црви може да се користат за производство на биохумус ?

Најдобри црви за оваа цел се Калифорниските црвени црви, или популарно наречени “Црвен хибрид” (Еisenia Foetida и Eisenia Andrei). Создадени се со долга селекција од Американските научници. Иако се мали по димензии, 6 до 8 см и тешки одвај 1 грам, тие со невероватното брзо темпо на размножување, создаваат количина на (протеинска маса - месо) како и производство на Биохумус која ни приближно не е во состојба да даде друга врста на црви.


Кои материи можат да се користат како храна за црвите за добивање на биохумус ?

Црвите се хранат со секој вид отпадоци од органско потекло кои се во состојба по дејство на природните фактори (вода, воздух, и бактерии) да превријат и да се распаднат на своите составни елементи. Меѓу нив се: фекалиите од домашните животни, отпадоци од житариците, отпадоци од овошје и зеленчук, органски отпадоци од градско ѓубре, лисје од листопадни дрвја, канализациона мил и др. Добиточното ѓубриво е природно живеалиште и храна за црвите, па отука останува најважно за производсво на Биохумус.

Како се одгледуваат црвите, односно што треба да знаеме за да испланираме и да изградиме одгледувалиште ?

Денес, за разлика од порано, одгледувањето на црви е поедноставено и за секој е пристапно. Во таа смисла треба да се води сметка за следното:
избор на место
материјал за градење и форми на легла
опрема и алат кој е неопходен за работа со црвите
поставување на леглото
При изборот на место за одгледување на црви важно е да биде отцедно (да не се таложи вода) бидејќи може погубно да влијае. Исто така местото да не се најдува под четинарски дрва, бидејќи лисјето содржат смола која негативно влијае на црвите. Црвите не трпат потреси на земјата и ветер, па према тоа треба да се подалеку од железничка пруга или автопат, а леите да се постават ,,низ ветер,,, но во близина да има вода поради заливање. Искуството покажало дека едно лице идеално може да работи површина од 200 м2 или 100 стандардни легла. За период од една година 1 легло од 2 м2 преработува 1 тон арско ѓубре а се добива од 500- 600 кг. Биохумус.


Основни информации:

1. Новиот одгледувач треба да располага со земјиште од мин. 1500 м².
2. Во близина на идната фарма да има арско ѓубре.
3. Земјиштето да е заградено и да има чиста вода

Постои и традиција и воспоставен стандарди, при одгледувањето на црвите, како основна единица се смета едно легло. Тоа легло, како стандард подразбира запремина од 100 х 200 х 50-60 см. подлога и храна, со околу 100.000 броја на зрели црви, подмладок и јајца.Таквото стандардно легло зрело е на секои 90 дена да биде делено во ново легло. Надворешните одгледувалишта или леи се прават така што на земјата каде ќе биде леата се поставува мража од пластифицирана жица со окца од 8 до 10 мм. Може да се употреби и било кој друг мрежаст материјал, кој пред се ќе го спречи кртот да се пробие до црвите, а исто така ќе ја одржи леата да не се растура. Од страна на леата се става метална мрежа за заштита од штетници. Леите се прават 2 метри широки, 50-60 см високи, а должината по желба.

За работа со црвите потребно е да имате лопата, количка, грибло, кофа за заливање (за поголеми одгледувалишта црево за прскање), термометар и лакмусова хартија или апарат за мерење на киселоста (пехаметар). Со термометарот се следи температурата, така што до колку таа достигне повеќе од 30 С, со прскање на земјата со вода или со правење на сенка треба да се намали истата. До колку температурата е под 5-7 степени потребно е да се нанеси подебел слој на храна со повеќе слама. Со лакмус хартијата или пехаметарот се мери киселоста која треба да биде од 6,5-7,5. Секоја недела се мери киселоста, и до колку таа е висока се намалува со додавање на калциум-карбонат.

Поставувањето на леглата се врши на тој начин што, во направената леа се става предходно припремено арско ѓубре во слој од 5-10 см. Најчесто се употребува прегорено арско ѓубре, после 4-6 месеци изнесено од шталата. Ова ѓубре пред да се внесе во леата се испира со вода бидејќи има висока рН (над 8), така што треба да се намали на 7,0-7,3. На ова ѓубре се внесуваат црвите, така што се постигнува слој дебел 15-20 см. Потоа на секои 15-20 дена на секое легло се додава по 100-110 кг. арско ѓубре, односно на 2 м2 колку што зафаќа едно легло. Биохумусот кои го создаваат црвите се собира најмногу двапати годишно.(според нашето долгогодишно искуство мин.9 - макс.18 месеци)


Кои услови се потребни за нормален развој на црвите?

Покрај многуте услови, како основни за нормална работа на калифорниските црви се:

 Температурата која е многу важен фактор, така што на црвите подобро му одговара летната температура во споредба со зимската. Оптималната температура за интензивна активност на црвите е 16-24 С.

• Водата е еден од основните животни елементи за црвите. Многу е важно да количината на вода не биде ниту мала ниту преголема. Бројот на заливањата е во зависност е од климата, така што во топли и суви подрачја почесто се залива а во ладни тоа е сведено на минимум со цел да се одржува влагата. Оптималната влажност е 60-70%.

• Реакцијата на подлогата е важна бидејќи доколку таа е базична, црвите активноста ја сведуваат на минимум, а над 8,5 угинуваат. Идеална реакција е од 6,8-7,8.

• Храната има големо влијание врз активноста на црвите и квалитетот на хумусот. Како што веќе спомнавме најдобро е арското ѓубре во согорена форма (4-6 месеци старо). 

• Светлината има негативно влијание врз црвите, така што ако тие се изложени на директна сончева светлина брзо угинуваат. Од тие причини бидеќи леите се формираат надвор пожелно е тие да бидат покриени со слама или рогозини од трска.

Од кои непријатели и болести можат да бидат нападнати црвите?

Списокот на непријатели на црвите без двоумење треба да се почни со оние кој се хранат со црви, а тоа е кртот. Потоа следат глувците, жабите, змии, птици, живина и стоногите. Кртовите можат да направат огромни штети пред да ги примети одгледувачот дека успеале да навлезат во одгледувалиштето. Кртовите по хемиски пат несмеат да се ништат. Треба да се користат посебни замки (стапици) за ловење на кртовите. За црвите не постојат болести кои се познати на луѓето. Практично единствена болест е пореметување во метаболизмот поради погрешна исхрана и се нарекува ,,труење со протеини,,. Ова пореметување е како последица на преголемата киселост на храната.

Кои се карактеристиките на Биохумусот (односно ѓубривото) добиено на ваков начин ?

БиоХумусот кој го создаваат црвите е најдобро органско ѓубриво кое постои во земјината топка и е идеално за употреба во земјоделството, шумарството, цвеќарството и на било кое место каде има потреба од ѓубрење. За разлика од шталското (арско) ѓубриво, со преработката на црвите настанува ново поконцентрирано ѓубре во однос на содржината на хранливите материи, многу побогато со корисните микроорганизми и ферменти. Значи се добива ново ѓубре без миризба, со сосема други физички, хемиски и биолошки особини. Биоумусот содржи значително помалку вода, а повеќе органски и минерални материи одколку шталското и лесно е за расфрлање дури и рачно. Или накратко речено еден тон хумус вреди колку пет тона арско ѓубре. Иднината на биохумусот ја одредува и фактот што при постојана употреба на хемиски (вештачки) ѓубрива, неповратно се намалува природниот хумус, така што денес во развиениот свет, владее страв од исцрпување на тој елементарен ресурс и заради тоа производството и употребата на биохумус е се подинамично. Со оглед на тоа дека биохумусот е сотавен од органски соединенија и бактерии кои го помагаат натамошното разлагање на околното земјиште, со ваквиот хумус не може да се предозира и да доведе до ,,горење,, на растенијата, што е честа појава при употребата на арското и вештачкото ѓубриво. Биохумусот произведен кај нас според анализите има: 40-55% органски материи, рН 6,5-7,5 влага 35-45%, N-2-4%, P- 2,5-4 % и К-2,5- 4 %.


 

Како се употребува (Биохумусот) Bioredworm-S?

Препорака за ѓубрење кај градинарски култури :

При производство на расад потребно е во неутрална подлога (тресет) измешана со 10% песок, дасе додаде мин. 10 % глистал ( биохумус ). Почвата во која ке се пикира расадот предходно треба да се измеша со 10 % глистал, а потоа да се истретира со Bioredworm-L . Во време кога растенијата ке стасаат за расадување, најдобро е во дупките во кои ке се ставаат растенијата да се стави 80-100 гр. Bioredworm-S  така да коренот на растението биде во директен контакт со биохусот. Bioredworm-S може пред садење да се расфрла по почвата 100-250 кг на декар и потоа плитко да се заора.
(За побрзо зреење и зголемување на плодноста, посебно кај доматите, пиперките и други кои се берат во повеќе наврати, покрај вообичаените 80-100 гр. хумус растурен околу коренот, препорачуваме после секоја берба да се третира со Bioredworm-L поради забрзување на зреењето на новиот род.)

Препорака за ѓубрење кај овошните насади:

  • Пред садење новата садница се натопува во каша од биохумус и вода
  • При садење овошни дрвца се става 1,5 - 2 кг. биохумус на садница
  • На дрва до 5 год. се става 1,5 - 2 кг биохумус
  • На дрва постари од 5 год. се става 2 - 3 кг. биохумус
  • За поголем род и растенијата да бидат поотпорни на мраз препорачуваме есенско ѓубрење со биохумус а на пролет растенијата да се третираат со Bioredworm-L .
  • Полниот род кај новите насади кои се третирааат со биохумус и Bioredworm-L стасува порано за една година.

 

 

 

Препорака за ѓубрење кај лозовите насади:

  • При производство на лозови калеми пред садење се става 600 - 700 гр. бихумус на м2
  • При садење на лозови насади на една садница се става 300 - 400 гр. биохумус.
  • Прихранување на лозови насади се врши со 1 - 3 кг. биохумус по садница во зависност од староста на лозата: до 5 год се става1 кг; од 5 - 10 год. 2 кг. и преку 10 год. се става 3 кг.
  • Во пролет препорачуваме и 2 фолијарни третирања
  • Каде има систем капка по капка есенското ѓубрење ке биде со Bioredworm-L
  • Полниот род кај новите насади кои се третират со биохумус и Bioredworm-L стасува порано за една година.

 




Годишни и долгогодишни цвеќиња и тревници:

  • Во цвеќарството кога се пресадува цвеќе во саксија се става 10-20% хумус во тресет или земја.
  • Кога се во прашање украсните жбунести растенија во градината, треба врз коренот да се стави 50-100 грама хумус, а кај повеќегодишните растенија се додава секоја година во зоната на кореновата маса уште 100-1500 грама и секој пат обилно се наводнува.
  • Тревниците и тревните теписи постигнуваат најдобар изглед и густина ако на м2 се расфрли 150-200 грама биохумус, еднаш или повеќе пати годишно и да се наводни со вештачки дожд. За прихранување се препорачува прскање со Bioredworm-L.
  • За растенија Во Градина (на отворено) - на секои 10 дена, по можност во вечерните часови.
  • За растенија Во Затворен простор (со исклучок на кактуси) - два пати месечно.
  • Кактуси - Еднаш месечно во текот на периодот на растење.