Зaшто Bioredworm - L ?


За повисовки приноси, За побрз раст, За поздрави растенија и повкусни плодови...

Природните и Органските ѓубрива за разлика од хемиските при прихрана на растенијата ја поправаат и структурата на почвата. Почви со богати органски материи ја задржуваат влагата, хранливите материи за растенијата и најбитно потпомагаат за развој на корисни-микроорганизми, преку кој се промовира поздрав коренов систем и развој на растенијата. При користење на хемиски ѓубрива почвата постепено ја губи органската материја како и биохемиски активности. Се влошува структурата на почвата се губи способноста на задржување на влага, се губат хранливите материи.(Фармерите од целиот свет кои користеле хемиски ѓубрива, многумина се префрлуваат на органско ѓубриво од калифорниски црви,поради преголемите придобивки).


Bioredworm - L (liquid) е  високо-квалитетен  “Premium-quality”  продукт произведен од Екстрактот на Bioredworm - S (solid) со посебни Методи и Процеси. Во себе содржи целосен комплекс на макро и микро-елементи, хумични киселини-супстанци, почвени антибиотици, хормони за раст-развој, амино и фулвични киселини, растителни витамини и голем број на корисни-микроорганизми.( Да не се меша изразот со “worm tea” (чај od црви), кој нема никаква врска со “Течно ѓубриво од црви” кој е  нестабилен и мора да се користи веднаш !)

• Bioredworm - L (liquid)   е универзална замена за минералните ѓубрива и е погоден за производство на органска чиста и здрава храна за луѓето и животните.

• Mногу брзо ги разлага растителните остатоци ( лигноцелулозата) и во процесот на разлагање го балансира односот на јагленородот (C) во однос на другите елементи N,P,K (под 20:1) така што растенијата можат да ги користат овие елементи.

• За пероид од една година на 1 хектар површина од воздухот синтетизира и задржува во почвата 200 до 300 кг азот. ( во една вреќа 15:15:15 N, P, K има само 7,5 кг азот )

• Затоа што го зголемува коефициентот на искористување на фосфорот и калиумот од алумосиликатите, и ослободува големи количества на вакви елементи од изумрените бактерии.

• За период од една година на еден хектар изумрените бактерии оставаат 10 тона органска материја.

• Изумрените бактерии од вкупната тежина на своето содржат околу 30 % фосфор.

• Ги биосинтетизира во вода растворливите и нерастворливите полисахариди, ја подобрува структурата на почвата, и го регулира водно-воздушниот режим.

Ги синтетизира фитохормоните (Цитокинин, Ауксин и Гиберелин ) кои го подобруваат ртењето, вкоренувањето, растот и развојот на растенијата, а времето на стасување на растенијата е пократко за 8-10 дена.

• Ја намалува употребата на хемиски заштитни средства во текот на вегетацијата, ја зголемува отпорноста на растенијата со брзото разлагање на органската материја со што ги елиминира заразите кои доаѓаат од тој облик на биомаса.

• Се применува едноставно и со значително помали трошоци, и не е отровeн за луѓето не ви се потребни заштитни маски или ракавици.

• Има способност на синтетизирање на слузавите материи во почвата со што се спречува збивањето односно слепувањето на микроагрегатот, што придонесува во формирањето на фина и растресита структура на почвата, па значително се заштедува при орањето и обработката на почвата.

• Продуцира витамини од “Б” групата и антибиотици кои ги штитат растенијата од фитопатогени бактерии, со што се намалува потребата од користење на фунгициди.
 
Забелешка: Советите околу примената на Bioredworm - L ( течно) & S (цврсто) 100% органско-микробиолошко ѓубриво од калифорниски црви ги дава стручно лице од ИНТУС дооел.