Корисните Микроорганизми (бактерии,габи, квасци) што се Наоѓаат во Bioredworm - L


Микроорганизми; се однесува на секој жив организам кој не е видлив со човечкото око. Микроорганизмите можат да бидат припадници на речиси сите царства на живи организми. Обично кога се зборува за микроорганизми се мисли на бактерии ,габи, квасци..итд. Да напоменеме дека постојат штетни и корисни ” микроорганизми, едните се разлог на заболувања на растенијата додека другите имаат улога да ги штитат растенијата од болести.(За жал веќе неколку децении сме сведоци на неконтролирано користење на хемиски и минерални ѓубрива кои голем дел од микроорганизмите и органската материја во почвата ги имаат оштетено).  Микроорганизмите имаат голем удел во зачувување на околината во земјоделска биотехнологија а посебно во обработка на растителните земјоделски и домашни отпадоци. Корисните микроорганизми кои што се наоѓат во Bioredworm- L течно органско-микробиолошко ѓубриво од калифорниски црви (1мл/повеќе од 100 милијарди) имаат голем удел во (микрофлора и микрофауната) здравиот раст, развој на растенијата и ја играт најголемата улога на прихрана за растенијата ( недостапните хранливи материи во почвата како азот, фосфор, калијум, калцијум,магнезијум..итд. ги разлагаат во достапни форми ).


Микроорганизмите (бактерии, габи и квасци) во  Bioredworm - L течно органско-микробиолошко ѓубриво од калифорниски црви, нивните придобивки, ефекти и функции:

 

Азотобактерии -  Вршат фиксација на Азотот кој што се наоѓа во атмосферата –ја прават во  достапни форми за растенијата. (pH вредноста на почвата треба да изнесува помеѓу 7- 8)

Rhizobium бактерии- (имаат функција на акумулирање на азотот во почвата) Rhizobium бактерии можат да опстанат/ се множат и во средини кај што има многу мал процент на кислород, Rhizobium  бактерии на 1хектар во рок од 1 год. На почва синтезираат околу 200-300 kg азот.

Azospirillium - Слободни бактерии имаат функција на фиксација на азотот.

Бактериите од родот Bacillus (Аеробни спорогени бактерии) - Недостапните форми на калијумот во почвата за растенијата ја прават во достапни.

Азотобактер и бактерии од родот Bacillus -  Ги синтезираат органските киселини и фосфати како и фосфорот го прават во достапни форми за растенијата.  

Pseudomonas и Bacillus спорогени бактерии -Се дел од Азотофиксација (Атмосферскиот-азотот) и ја играат најголемата улога на Амонификацијата и денитрификацијата.

Бактериите Од родот Pseudomonas - Имаат улога на елементот сулфур кој што е во органска форма го конвертираат во инорганска форма и ја прават во достапни форми за растенијата.

Clostridium Sporulated bacteria (Анаеробни спорогени бактерии) -  Овие Спорогени бактерии  на екстремни услови (високи температури,суша, радијација и разни хемикалии) се отпорни и идржливи. Во ектремните услови им потмогаат /овозможуваат на микроорганизмите да опстанат.

Clostridium (спорогени бактерии), Streptomyces - (Во процесот на Амонификација ја имаат најбитната улога) – Молекуларниот Атмосферски-азотго претвара во форма на амониум и ја прави достапна за растенијата.

Nitrosomonas -Бактерии, Азотот-амонијакот кој што се наоѓа во почвата го претвараат во  нитрити.

Nitrobakter -Нитритите кој што се наоѓаат во почвата ги оксидира во нитрарти. (оваа бактерија исто игра голема улога во Азотофиксација

Габи-Fungi (Mycorrhiza) -Овие габи живеат во кортексот (слојот на стеблото и корените) на растенијата им потпогаат на растенијата при прихрана.

Квасци (Yeasts) -Квасците потпомагаат при микробиолошки процеси за развој на растенијата,имаат влијание на структурата на почвата.Квасците исто така имаат улога при хранливите материи и процеси на минерализација на почвата имаат и  голем потенцијал за растот и високите приноси за растенијата.

Actinomycetes(Актиномисети) -Неколку вида на овие организми се именуваат како  природни антибиотици, поради што синтетизираат микробиолошки токсини метаболити.

Actinomycetes(Актиномисети),нивната функција во почвата и еко-системот:

✔ Имаат големо влијание на разлагање на тешки растителни и животни соединенија.

Формирање на хумус со конверзија на различни форми на растителни ткива  и растителни лисни отпадоци.  

✔ За созревање на зелени,компостирани и арските ѓубрива.

✔ Регулирање на почвата.


Бактериите во Bioredworm - L  кои синтетизираат растителни-хормони (Фитохормони) Гиберелин, Ситокинин и Ауксин:

 

Гиберелин (Gibberellin) :

✔ Брз раст и развој на растенијата.

✔ Го стимулира ртњето.

✔ Го стимулира цветањето.

✔ Побрз развој на плодови.

✔ Во семето ја овозможува конверзацијата на скробот во гликоза.

✔ Спречува опаѓање на лисјата.

Ситокинин (Cytokinin):

Придонесуваат за здрав развој на кореновиот систем (заедно со растителниот-хормон оксин). Исто така овозможува формирање на Хлоропласт која го спречува пожолтувањето на листовите и стареење.

 Ја стимулира клеточната поделба.

 Им овозможува раст на растенијата.

✔ Ги стимулира растот на листовите во пупките на растенијата.

 

Ауксин (Auxin):

Е од суштинско значење за растот и развојот на растенијата.


Киселини кои се наогаат во Bioredworm - L :

 

Хумична киселина :  

Хумичната киселина има хемиски активен карактер во разлагање на нерастворливи комплексни соединенија во почвата како (метали, минерали и органски остатоци). Така да им овозможува на растенијата хранливите материи да бидат достапни.

✔ Посебно помага да се надмине недостатокот на железо кај растенијата.

✔ Ја зголемува максимално достапноста на макро и микро елементите како (азот,фосфор,калијум,железо, цинк..)од почвата кои што се неопходни за растенијата .

✔ Има влијание на клеточната поделба така што развојот и растот на растенијата се забрзуваат.

✔ Го забрзува развојот на кореновиот систем, станува појак и побогат.

✔ Ја регулира pH вредноста и соленоста на почвата.

✔ Ртењето на семето го забрзува.

✔ Ја зголемува способноста на растенијата да опстанат.

✔ Хумичната киселина поради биохемиски својства овозможува одстранување на токсични материи.

✔ Ја повишува енергијата на клетките.
 

Фулвична киселина :

Еден од најмоќните Органски Електролити и поради многубројните влијанија која што ја има врз почвата и растенијата е дефинирано како  молекуларно чудо на природата. Ке ги наведеме само неколку:

✔ Фулвичната киселина ги стимулира и балансира клетките, создавајки оптимален раст на растенијата.

✔ Ги зголемува приносите

✔ Ги катализира ензимските реакции.

✔ Ги зголемува активностите на неколку ензими вклучувајќи алкална фосфатаза и  трансаминази.

Зголемување на метаболизмот на протеините.

✔ Дава позитивен ефект (РНК и ДНК) на растението.

✔ Врши денитрификација на микробите.

✔ Врши детоксикација на разни загадувачи (пестициди, хербициди, итн.)


Лабораториските анализи на Bioredworm - L покажаа микробиоцидно дејство врз следните растителни болести :

• Пепелница

• Пламеница

• Крставост кај овошјето

• Ervinia

Alternaria sp.

• Fusarium

• Botrytis sp.

• Ventilia pirina

• Verticillium sp.